ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА

Последна промена: Октомври 19, 2023

1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Овој Договор за правилата и условите за користење на услугата („Договор”, „Правила и услови за користење”, „Услови на користење”, „Услови”, „Услови за употреба”) е договор помеѓу Вас („корисникот”) и Икс Софт Девелопмент-ДООЕЛ Скопје („Икс Софт”, „ние”) со седиште на ул. 16-та Македонска бригада бр. 13Б Скопје (матичен број: 64-79-421, даночен број: МК 40-43-00-95-01-180).

Со користењето и/или посетувањето на интернет-страницата www.webstrian.mk („Webstrian”, „интернет-страницата”,) и/или која било под интернет-страница на www.webstrian.mk и со користењето на некоја од услугите на Webstrian, Вие се согласувате со Договорот за правилата и условите за користење на услугата и со политиката на приватност. Доколку не се согласувате со некој од овие услови, Ве молиме да не ја користите интернет-страницата Webstrian.

Условите за користење претставуваат обврзувачки правен договор помеѓу Вас како корисник („Вие"), Икс Софт и подружниците и / или соработниците на Webstrian.

Со овој Договор се утврдуваат правилата и условите за користење кои претставуваат законски обврзувачки услови за користење на услугите на Webstrian и ќе се применуваат за сите корисници на Webstrian интернет-страницата, вклучувајќи ги и корисниците кои нудат содржини и / или други материјали или услуги на или преку интернет-страницата. Со користењето на услугите на Webstrian, Вие сте согласни да се обврзете со овој Договор. Овластување и дозвола да ги користите услугите на Webstrian имате единствено доколку се согласувате да ги почитувате и  да се придружувате кон сите применливи закони и кон овој Договор.
Ве молиме, внимателно да го прочитате овој Договор и да го чувате. Доколку не се согласувате со него, треба веднаш да ја напуштите Webstrian интернет-страницата и да ја прекинете употребата на услугите на Webstrian. Доколку сакате да станете корисник и да ги користите Webstrian услугите, мора да го прочитате овој Договор и да го потврдите Вашето прифаќање за време на процесот на регистрација.

Одредени услуги може да бараат дополнителни правила и услови и во тој случај кликнување на „прифаќам" копчињата и/или други назнаки и/или други слични методи за стекнување на Вашата согласност ќе значи дека сте согласни со наведените правила и услови (доколку ги има).

Webstrian може повремено да прави измени во Договорот, при што тие ќе стапат во сила во моментот на нивното објавувањето на Интернет-страницата. Вие сте согласни да ги прифатите промените во Договорот и тоа веднаш по нивното објавување. Поради тоа, особено е важно редовно да го прегледувате Договорот, со цел да се осигурате дека сте навремено информирани за сите промени.

2. ОПИС НА УСЛУГАТА

Webstrian на регистрираните корисници им овозможува користење различни онлајн алатки за уредување, ажурирање и одржување на интернет-страници и содржини. Откако ќе се регистрира, секој корисник добива сопствена интернет-страница, на која може да поставува содржини („кориснички содржини"). Сите нови можности на услугата, вклучувајќи го и поставувањето на нови алатки и ресурси, ќе бидат предмет на овие услови. Услугата исто така вклучува веб-хостинг услуги за интернет-страниците кои се креираат преку Webstrian.

За да ја користите услугата, мора да имате пристап до интернет, директно или преку уреди кои пристапуваат до содржини базирани на интернет. Не е дозволено да пристапувате на услугата на друг начин освен преку предвидениот кориснички интерфејс за тоа.

Услугата може да вклучува и наши објави, како што се најавите за новите услуги, административни пораки и билтени. Ваквиот тип комуникација се смета како дел од членството во Webstrian.

Ве молиме, имајте предвид дека дел од услугите (или специјалните функции) може да бидат овозможени само за корисниците кои се претплатиле за такви услуги и Webstrian има право да наплатува надомест за таквите услуги.

Услугите се овозможени од Webstrian AS IS и ние не преземаме никаква одговорност за каков било пропуст во обезбедувањето на услугите за корисниците.

3. РЕГИСТРАЦИЈА

За да се ​​регистрирате за корисничка сметка, мора да  обезбедите важечка е-адреса и други информации („податоци за регистрирање"). Во процесот на регистрација, потребно е да изберете лозинка и име на домен за вашата интернет-страница. Вие сте одговорни за одржување на доверливоста на лозинката и сметката, како и за сите активности кои се случуваат под името на вашата корисничка сметка.

По основ на користење на услугата, се согласувате дека ќе ги ажурирате и одржувате вистинити, точни, тековни и целосни податоците за регистрација. Доколку поднесете информација која е невистинита, неточна, измината или нецелосна, или доколку Webstrian има разумна основа да се сомнева дека има информации кои се невистинити, неточни, изминати или нецелосни можеме да го суспендираме или да го исклучиме Вашиот профил односно корисничка сметка и да одбиеме било какво понатмошно користење на услугата или кој и да било дел од неа.

На лицата под 18-годишна возраст им е забрането регистрирање или користење на кориснички сметки преку Webstrian.

4. КОРИСНИЧКИ СОДРЖИНИ

Вие сте правно одговорни за сите информации, податоци, текстови, софтвер, музика, звуци, фотографии, графика, видеа, пораки или други материјали прикачени, испратени, поставени, објавени или кои се чуваат во врска со користењето на услугата („кориснички содржини"). Webstrian не е одговорен за Вашите кориснички содржини и не ги контролира, и како такви, ние не гарантираме за точноста, интегритетот или квалитетот на таквите содржини или тоа дека нивното објавување не ги повредува правата на трети лица.

Webstrian не ја побарува сопственоста или правата на интелектуалната сопственост врз корисничките содржини. Вие ни давате дозвола да ги хостираме Вашите кориснички содржини во рамките на нашата услуга. Со ова Вие му овозможувате на Webstrian ширум светот, бесплатна,  неексклузивна лиценца, да ги хостира и да ги користи корисничките содржини со цел да ви ја овозможи услугата. Вие потврдувате и гарантирате дека ги имате сите неопходни права за да ни дадете таква дозвола. Самите сте одговорни за корисничките содржини кои може да бидат изгубени или неповратно оштетени со користењето на услугата. Ве ​​поттикнуваме, често да ги архивирате Вашите кориснички содржини.

Под никакви околности ние нема да бидеме одговорни за вашите кориснички содржини или содржините на која било трета страна, вклучително, но не ограничено, за било какви грешки или пропусти во вашите кориснички содржини, или за каква било загуба или оштетување од кој било вид кои се настанати како резултат од употреба на која било корисничка содржина објавена, испратена, пренесена или на кој и да било друг начин достапна преку услугата.

Вие сте запознаени со фактот дека при користењето на интернет-страницата ќе бидете изложени на кориснички содржини од различни извори и дека ние не сме одговорни за нивната точност, корисност, безбедност, како ниту за правата на интелектуална сопственост на или во врска со корисничките содржини. Исто така сте запознаени и со тоа дека може да бидете изложени и на кориснички содржини кои се неточни, навредливи, несоодветни или непристојни, и дека сте согласни да се откажете и со ова се откажувате од судски права или подучувања кои ги имате или може да ги имате против нас во поглед на тоа, и сте согласни да извршите целосен надоместок кон интернет-страницата, нејзините сопственици / оператори и партнери, кое е законски дозволено, а се однесува на сите прашања поврзани со употребата на страницата.

Исто така, бидете запознаени со фактот дека ние не ги проверуваме корисничките содржини, но имаме право (но не и обврска) да одбиеме, отстраниме, избришеме или побараме од Вас да отстраните која било корисничка содржина достапна преку нашата услуга. Ние, исто така имаме право да отстраниме кориснички содржини кои ги прекршуваат овие услови или кои не се на кој и да било начин соодветни согласно со нашето сопствено убедување. Вие мора самите да ги процените и да ги сносите сите ризици поврзани со користењето на било кои кориснички содржини. Исто така, не можете да се потпрете на сите содржини креирани од наша страна. Вие прифаќате и се согласувате дека можеме да сочуваме кориснички содржини, како и да објавиме кориснички содржини доколку тое е потребно со закон или пак со добра волја и верување дека таквите зачувувања или објавувања се разумно потребни со цел: (а) да се постапи во согласност со законските процеси; (б) спроведување на овие услови; (в) да се одговори на тврдењата дека некоја корисничка содржина ги крши правата на трети лица; или (г) да ги заштитиме нашите права, имот или лична безбедност, како на нашите корисници, така и на оние од јавноста.

Понатаму, имајте предвид дека ние нема да одржуваме копии од датотеки и документи испратени од вас, како и тоа дека Вие сте единствено одговорни за правење копии на овие податоци.

Нашите услуги може да понудат можност за продажба или купување на стоки и услуги преку интернет-страниците хостирани од страна на Webstrian („комерцијални производи"). Ние единствено ја обезбедуваме платформата за купувачите и продавачите на овие стоки и услуги. Во ваков случај кога купувачот купува комерцијални производи, плаќањата ќе бидат обработени преку наши партнери - трети лица кои ги обезбедуваат услугите за плаќање. Овие услуги за плаќање се регулирани со нивните правила и услови на користење и политика на приватност. Ние не преземаме никаква одговорност за постапките на овие трети лица - даватели на услуги.

Вие мора да ги следите правилата и условите наведени во овој Договор кога се нудат, продаваат или купуваат комерцијални производи. Ние имаме право и можеме да отстраниме содржини поврзани со понудата или продажба на комерцијални производи кои се во спротивност со овој Договор. Во случај кога продавате комерцијални производи преку користењето на нашите услуги, тогаш мора, во случај доколку тоа го побараме од вас: да направите разумен напор за да се запре испораката на спорниот производ и/или услуга на купувачот или да му се плати надоместок за таквите стоки и услуги.

Вие сте целосно одговорни за точноста и соодветноста на сите податоци и содржини во рамките на Вашата интернет-страница (вклучувајќи ги и пресметките за данок на промет, цените и описите на производите, цените за превоз, контакт-податоците, е-комуникациите и електронските плаќања). Икс Софт нема да биде одговорен за неточни информации и за потенцијална штета предизвикана од такви неточности.

5. ПРАВИЛА

Вие сте согласни дека нема да:

  • објавувате, испраќате, пренесувате или на друг начин ставите на располагање корисничка содржина која е незаконска, штетна, заканувачка, навредлива, невистинита, клеветничка, вулгарна, недолична, како и содржина која ја нарушува приватноста на останатите (откривање на адреса, е-адреса, телефонски број или други информации за контакт без писмена согласност од сопственикот на таквите информации), содржини со омраза, расистички или на коj и да било друг начин непристојни содржини;
  • нанесете штета на малолетници на кој било начин;
  • се претставувате лажно како физичко или правно лице, ентитет или субјект, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, вработените и претставниците на Webstrian, лажно да изјавувате или лажно да ја претставувате вашата поврзаност со личност или ентитет.
  • ги фалсикувате заглавијате или на друг начин манипулирате со идентификаторите со цел да се прикрие потеклото на некоја корисничка содржина пренесена преку услугата;
  • вчитате, испратите, објавите или на друг начин пренесете кориснички содржини за кои немате право да ги пренесувате согласно со закон или договор или доверливи односи (како што се внатрешни информации, сопственички и доверливи информации дознаени или откриени како дел од работните односи или поддоговори за чување во тајност на одредени содржини) ;
  • испратите, вчитате, објавите или на друг начин пренесете кориснички содржини со кои се повредуваат патенти, трговски тајни, авторски права, правата на приватност или публицитет или други сопственички права на некоја страна;
  • ја споделите вашата лозинка, дозволите на некој друг да пристапи на вашата корисничка сметка, или да направите нешто со кое би можело да се загрози безбедноста на вашата корисничка сметка.
  • вчитате, испратите, објавите или пренесете несакани комерцијални електронски или спам-пораки. Ова вклучува неетички маркетинг, рекламирање или друга практика која е на некаков начин поврзана со "спам", како што се: a) испраќање на масовни е-пораки до примачи кои не побарале од вас е-адреса или праќање на е-порака со лажна повратна адреса, б) промоција на интернет-страници со несоодветни линкови, наслови, описи или в) промоција на вашата интернет-страница преку објавувања на повеќекратни поднесоци во јавни форуми кои се идентични;
  • вчитате, испратите, објавите или на друг начин пренесете материјал кој содржи софтверски вируси или компјутерски код, фајлови или програми дизајнирани да прекинуваат, уништат или ја ограничат функционалноста на компјутерскиот софтвер, хардвер или телекомуникациска опрема;
  • да се мешате во или ја нарушите услугата, серверите или мрежите поврзани со услугата, или да не ги почитувате барањата, процедурите, политиките или регулативите на мрежите поврзани со услугата;
  • да се обидете да прескокнете или прескокнете безбедносна компонента поврзана со содржините или услугата;
  • да се обидете или да се вклучите во постапка која директно или индиректно го попречува правилното работење на интернет-страницата или предизвикувате неразумно оптоварување на инфраструктурата на Webstrian;
  • намерно или ненамерно ги кршите локалните, државните, националните или меѓународните закони;
  • скришно или на друг начин ги малтретирате другите;
  • промовирате, поттикнувате или давате инструкции и информации за нелегални активности, поттикнувате физичката штета или повреда против група или поединец или поттикнувате суровост кон животните. Ова може да вклучува, без ограничување, обезбедување на упатства за тоа како да се состават бомби, гранати и останати оружја или запалливи уреди;
  • нудите на продажба или продавате содржина, услуга или производи кои  а) ги кршат државните или локални закони или прописи, б) немате потполно законско право согласно со законите и прописите да ги нудите или продавате, вклучувајќи ги и сите потребни лиценци и одобренија, или в) ние утврдиме, по наше сопствено убедување, дека се  несоодветни за продажба преку услугата;
  • ја користите услугата за насочување кон друга интернет-страница;
  • барате или се обидувате да земете од трети лица лозинки или лични податоци за незаконски цели;
  • го надминете обемот на услугата за која сте регистрирани; на пример, да пристапувате или користите алатки за кои немате право да ги користите, или бришење, додавање, или менување на коментари или содржини на останатите корисници;
  • вчитате, испратите, објавите или пренесете корисничка содржина која е наменета за да го искористи и/или измами корисникот. Такви содржини може да вклучуваат, не ограничувајќи се на, „збогати се брзо", „сурфај и биди платен", пирамидални или други сомнителни шеми;
  • вклучите повеќе од три рекламни единици по страница или реклами, кои во голема мера ја намалуваат употребливоста на интернет-страницата;
  • поставите датотеки и документи со цел да се хостираат од наша страна и да се користат надвор од интернет-страницата направена со користење на услугата;
  • пристапувате до услугата преку автоматизирани методи. Услугата еднинствено може да се  користи или да и се пристапи преку електронски уред и тоа мануелно во текот на целото нејзино користење;
  • поставувате поединечни фајлови поголеми од 15MB, освен аудио/видео фајлови кои можат да бидат со големина до 100 MB;
  • со сопствено програмирање креирате интернет-страница која содржи штетно корисничко искуство. Примери за ова се, но не се ограничува на екстремни светкави банери и прекумерни анимирани движења;
  • поставите, објавите или на друг начин пренесете содржини за возрасни, како што се голотии во сексуален контекст, содржини во кои се откриваат изложени гениталии, или содржини со теми за возрасни.

Webstrian може да утврди, според свое сопствено убедување, дали некој од корисниците ги прекршува овие правила или политики.

Ние го задржуваме правото да затвориме корисничка сметка или корисник кој ги прекршил горенаведените забрани.

Доколку утврдиме дека вашата корисничка сметка се користела за нелегални или измамнички активности, тогаш таа може да биде веднаш затворена, нејзините финансиски податоци избришани и корисникот ќе биде пријавен на надлежните власти.

6. БЕЗБЕДНОСТ

Вие сте одговорни за одржувањето на безбедноста на Вашата корисничка сметка и содржини. Исто така, целосно сте одговорни за сите активности регистрирани на корисничката сметка и за сите други активности поврзани со Вашата интернет-страница. Се согласувате дека веднаш ќе го известите Webstrian во писмена форма за секоја неовластена употреба на Вашата корисничка сметка или некоја друга форма на нарушувањата на безбедноста. Ние не можеме и нема да бидеме одговорни за загуба или штета како резултат на неисполнување на оваа обврска за безбедност. Вие потврдувате и се согласувате дека под никакви околности Икс Софт нема биде одговорен, на било кој начин, за дејства, пропусти или грешки од страна на Webstrian корисник или трето лице, вклучувајќи и штети од кој било вид кои би се јавиле како резултат на таквите акти, пропусти или грешки.

7. ПЛАЌАЊА, НАДОМЕСТОЦИ И ДАНОЦИ

Дел од услугите понудени на интернет-страницата бараат плаќање на надоместоци („услуги за наплата"). Доколку изберете да се регистрирате за услугите за наплата, потребно е да ги платите надоместоците како што е наведено на страницата на оние места каде што ги избирате таквите услуги.

Доколку не е поинаку наведено, сите надоместоци се со вклучени даноци или давачки воведени од властите, и Вие сте одговорни за плаќање на тие даноци, давачки или должности. Вие се согласувате дека ќе ги платите даноците кои се однесуваат на користењето на услугата и плаќањата направени од ваша страна кон Webstrian.

Во случаи за направена пробна регистрација за користење на услугата („пробен период"), во текот на пробниот период треба да одлучите и да направите купување на услугата со цел содржините кои сте ги поставиле да бидат јавно достапни. Доколку не ја купите услугата до крајот на пробниот период, сѐ уште ќе имате пристап до корисничката сметка и до интернет-страницата, но нејзините содржини повеќе нема да бидат достапни за јавноста.

Во текот на претплатата и користењето на услугата во секое време можете да изберете да го намалите или зголемите вашиот пакет на услуги со некој друг пакет кој е на располагање во моментот. Во случај на промена на пакет од поголем кон помал (од поскап кон поевтин), на вашата корисничка сметка ќе се пресмета разликата во цената на тие два пакети. Во пресметката на разликата се зема и предвид периодот на користење на пакетот кој се менува. Оваа разлика не му се рефундира на корисникот, но ќе се примени во претплатата за идните месеци. Во случај на префрлање од поголем кон помал пакет, може да дојде до губење на содржини, можности или функции, зависно од пакетот. Ние не прифаќаме било каква одговорност за таквите загуби.

Експлицитно го задржуваме правото да ги менуваме цените и надоместоците, а таквите промени или модификации ќе бидат објавени на интернет-страница и ќе стапат на сила веднаш по нивното објавување. Во таков случај, ние немаме обврска да испраќаме посебни известувања до корисниците. Било какви промени или модификации на цените и давачките ќе се применат во наредното обновување на периодот за користење на услугата, како што е тоа опишано подолу.

Во однос на можностите за плаќање, имате два начини на плаќање на нашите услуги: плаќање со платежна картичка и плаќање со профактура/фактура. Начинот на плаќање го избирате во процесот на дефинирање на претплата.

На крајот од период на претплата за користење на услугата (период кој го избирате во текот на дефинирањето на претплатата), Вашиот договор автоматски ќе се обновува за дополнителен период на претплата сѐ додека не направите експлицитно откажување. На пример, ако Вашата претплата за користење на услугата е еден месец, наредниот период на обновување ќе биде исто така  еден месец. Според тоа, освен во случај ако не ја откажете претплатата, ние автоматски ќе ја обновиме претплатата во моментот кога таа завршува и ќе направиме наплата[1] (во случајот на плаќање со платежна картичка) или ќе ви испратиме профактура, според начинот на плаќање кој го имате избрано за вашата корисничка сметка,со тековните цени, за кои се согласувате и прифаќате дека може да бидат повисоки или пониски од цените за првичниот период. Вие може да ја откажете претплатата од услугата во секое време, но тоа треба да биде најмалку 3 дена пред истекувањето на претплатата и нејзиното автоматско обновување. Во случај на откажување на претплатата, услугата ќе биде деактивирана после истекот на тековниот период на претплата за кој имате платено.

Во случај кога ќе купите некоја од услугите за кои се плаќа (при плаќање со платежна картичка), се согласувате дека платежните процесори чии услуги ги користиме имаат право да ги чуваат вашите информации за платежната картичка. Ние не зачувуваме информации за платежната картичка, ги користиме услугите на трети компании, платежни процесори, за онлајн плаќањата направени преку интернет-страницата.

Во случајот на плаќање со платежни картички, вие сте согласни дека сме овластени да ви наплаќаме и да направиме наплата од платежната картичка која ја имате приложено за: месечен или годишен надомест за услугите на месечна или годишна основа соодветно; за други надоместоци за услуги кои сте ги нарачале и купиле; како и за сите даноци во врска со вашето користење на услугите.

[1] Во моментов, можноста за автоматска наплата, при автоматска обнова на претплата, не е активирана. Плаќањето на обновена претплата треба да се направи онлајн, со најава во корисничкиот профил, преку административниот панел на Вебстриан.

8. ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ НА СРЕДСТВА

Дококу сте незадоволни од нашата услуга без разлика на причината, може да побарате враќање на платените средства за пактетите со поднесување на известување во писмена форма и поднесување на барање за враќање на средствата.

Плаќањата за месечните пакети се целосно повратни на барање доставено најдоцна 5 дена од датумот на купувањето. За ова е потребно да ни испратите барање во писмена форма, со вклучена копија од сметката, во рок од 5 дена од датумот на купувањето и ние, доколку е тоа применливо, ќе ви ја вратиме платената исплата.

Плаќањата за годишните пакети се целосно повратни доколку има такво барање најдоцна 15 дена од датумот на купувањето. За ова е потребно да ни испратите барање во писмена форма, со вклучена копија од сметката, во рок од 15 дена од датумот на купувањето и ние, доколку е тоа применливо, ќе ви ја вратиме платената исплата.

Политиката на враќање на средствата не се однесува за регистрацијата на домен и други услуги поврзани со домените. Овие услуги се обезбедени од страна на трети компании. Ако изберете да купите ваш сопствен домен, ова купување е неповратно и времетраењето на доменот е до неговото истекување.

9. ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ

Содржините и услугите кои може да се добијат на интернет-страницата, како и сите содржини и услуги обезбедени од нас или преку нас или од нашите партнери, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, софтверот, прикажаните информативни текстови, софтверската документација, дизајнот, изгледот, видео, аудио, функции, документи, датотеки, слики, графика или други содржини, без разлика дали се јавно или приватно објавени и/или испратени како и сите деривации од нив („содржина"), се во наша сопственост или сопственост на нашите партнери кои ги лиценцирале нивните материјали или обезбедуваат услуги за нас, и се заштитени со авторски права, заштитен знак, деловна тајна и други закони за интелектуалната сопственост.

Не е дозволено и вие се согласувате дека нема да ги правите следниве активности: враќање на кодот (reverse engineering), декомпилација (decompile), дешифрирање, модифицирање, репродукција, објавување, преведување, копирање, дистрибуирање, продажба, изнајмување, пренос, искористите слабост (exploit) или на друг начин да се обидете да откриете програмски код или изворен код (source code), користен во или со услугата и содржините или на друг начин ги дистрибуирате содржините, освен како што тоа е посебно дозволено во овој Договор.

Исто така, се согласувате дека нема да ја репродуцирате, умножувате, копирате, продавате или препродавате дел од услугата, користењето на услугата, или пристапот до услугата без претходна наша писмена дозвола.

Вие не може да го користите, продавате, копирате, дистрибуирате, подлиценцирате, давате гаранција или на друг начин се обидете да пренесете право врз содржините, креирате деривации врз основа на нив или комерцијално ја експлоатирате содржината, во целост или делумно, на друг начин освен како што тоа е јасно нагласено со овој  Договор.

Сите трговски марки, логоа, таг-линии или слогани, кои се дел од Webstrian и услугата во целост, се сопственост на Webstrian. Сите останати трговски марки, логоа, таг линии или слогани се сопственост на нивните соодветни сопственици. Освен ако поинаку не е засебно предвидено во овој документ, ништо не треба да се толкува како давање дозвола или право на користење на трговска марка, лого, таг-линија или слоган прикажани на Webstrian без наша писмена дозвола или писмена дозвола од третите лица кои може да бидат сопственици на трговски марки, логоа, таг-линии, или слогани.

Секое користење на содржините за друга намена освен онаа за која е посебно дозволено овде или без наша претходна писмена согласност или претходна писмена согласност од нашите соработници, е строго забрането. Ние ги задржуваме сите права кои експлицитно не се дадени во овој  договор.

10. ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, УСЛУГАТА И СОДРЖИНИТЕ СЕ ДАДЕНИ "КАКО ШТО СЕ", "КАКО ШТО Е ДОСТАПНО", "СО СИТЕ НЕДОСТАТОЦИ" И БЕЗ ГАРАНЦИЈА ОД КАКОВ БИЛО ВИД, ЈАСНО НАГЛАСЕНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ.

ИКС СОФТ И ВРАБОТЕНИТЕ, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ ЦЕЛОСНО СЕ ОДРЕКУВААТ ОД СЕКАКОВ ВИД ОДГОВОРНОСТИ ДОЗВОЛЕНИ СО ЗАКОН, БИЛО ТИЕ ДА СЕ ЈАСНО НАВЕДЕНИ ИЛИ ДА СЕ ПОДРАЗБИРААТ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА: ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ НА СОПСТВЕНОСТ, СООДВЕТНОСТ ЗА ПРОДАЖБА, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА И НЕПРЕКРШУВАЊЕ.

ЌЕ НАПРАВИMЕ РАЗУМНИ НАПОРИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА УСЛУГАТА, ПРИТОА НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ ГО ГОРЕНАВЕДЕНОТО, МЕЃУТОА НИТУ WEBSTRIAN НИТУ НЕЈЗИНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА ПРИСТАПОТ ДО ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, СОДРЖИНИТЕ И/ИЛИ УСЛУГИТЕ ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТ ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ ИЛИ ДЕКА ДЕФЕКТИТЕ, ДОКОЛКУ ГИ ИМА, ЌЕ БИДАТ ПОПРАВЕНИ; ИСТО ТАКА НИТУ ИКС СОФТ ИЛИ НЕГОВИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, ВРАБОТЕНИ И АГЕНТИ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ И ДА ГАРАНТИРААТ ЗА ТОЧНОСТА, ДОВЕРЛИВОСТА, ВАЛУТАTA, КВАЛИТЕТOT, КОМПЛЕТНОСТА, КОРИСНОСТА, ПЕРФОРМАНСИTE, БЕЗБЕДНОСТA ИЛИ СООДВЕТНОСТА НА УСЛУГИТЕ, СОДРЖИНИТЕ ИЛИ ЗА САМАТА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦА.

ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА КОРИСТЕЊЕТО НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА И ДОВЕРБАТА КОН УСЛУГАТА И/ИЛИ СОДРЖИНИТЕ Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. ИСТО ТАКА, ВИЕ СТЕ ОДГОВОРНИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ И ПРАВЕЊЕ НА КОПИИ НА ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕ ВКЛУЧЕНИ ВО РАМКИТЕ НА УСЛУГАТА.

ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ И ПОТВРДУВАТЕ ДЕКА СИТЕ СОВЕТИ, СОДРЖИНИ, ПОДАТОЦИ, ИНФОРМАЦИИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА И УСЛУГАТА НЕ СЕ НАМЕНЕТИ КАКО ЗАМЕНА ЗА ЗНАЕЊЕ, ЕКСПЕРТИЗА ИЛИ ВЕШТИНА И ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПОТПИРАТЕНА НИВ ЗА ЛИЧНИ, МЕДИЦИНСКИ, ПРАВНИ ИЛИ ФИНАНСИСКИ ОДЛУКИ И ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО СООДВЕТЕН ПРОФЕСИОНАЛЕЦ ЗА КОНКРЕТЕН СОВЕТ СОГЛАСНО СО ВАШИОТ ПРОБЛЕМ.

ПОКРАЈ ОВА, НИЕ НЕ СМЕ ОДГОВОРНИ, НИТУ ПАК ЌЕ ГАРАНТИРАМЕ ЗА ИСПОРАКАТА НА ПОРАКИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА. НИТУ НИЕ, НИТУ ТРЕТИ ЛИЦА, ОДНОСНО ПАРТНЕРИ НЕ ГАРАНТИРААТ ДЕКА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, СЕРВЕРИТЕ, СОДРЖИНАТА, УСЛУГИТЕ ИЛИ E-ПОРАКИТЕ ИСПРАТЕНА ОД ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА ИЛИ ТРЕТИ ЛИЦА/ПАРТНЕРИ СЕ ЧИСТИ ОД ВИРУСИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТНИ КОМПОНЕНТИ.

11. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА

НЕМА ДА СНОСИМЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЕБНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ШТЕТИ ОД ДРУГ ТИП, ВКЛУЧУВАЈЌИ НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА, ЗАСТОЈ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ, ШТЕТИ ЗАРАДИ ЗАГУБА НА ПРОФИТ, УПОТРЕБА, ПОДАТОЦИ ИЛИ ДРУГИ НЕМАТЕРИЈАЛНИ ЗАГУБИ (ДУРИ И АКО СМЕ БИЛЕ ИЗВЕСТЕНИ ​​ЗА МОЖНОСТА ОД ТАКВИ ШТЕТИ) ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД: КОРИСТЕЊЕТО ИЛИ НЕМОЖНОСТА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, УСЛУГАТА, СОДРЖИНИТЕ, ВАШИТЕ СОДРЖИНИ, КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ ПРОИЗВОДИ ИЛИ КОРИСНИЧКИТЕ СОДРЖИНИ ГЕНЕРИРАНИ ПРЕКУ ТРЕТИ ЛИЦА ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА; ТРОШОЦИТЕ ЗА НАБАВКА НА ПОТРОШЛИВИОТ МАТЕРИЈАЛ И УСЛУГИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД НАБАВЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ, ПОДАТОЦИ ИЛИ ИНФОРМАЦИИ, ПОРАКИ / ТРАНСАКЦИИ ДОБИЕНИ ПРЕКУ ИЛИ ОД УСЛУГАТА; НЕОВЛАСТЕН ПРИСТАП, ИЛИ ПРОМЕНА НА ВАШИITE ТРАНСМИСИИ ИЛИ ПОДАТОЦИ; ИЗЈАВИ ИЛИ ПОСТАПКИ ОД ТРЕТО ЛИЦЕ ЗА УСЛУГАТА; ИЛИ НЕШТО ДРУГО ВО ВРСКА СО УСЛУГАТА.

СО ОВА ГО ОСЛОБОДУВАТЕ ИКС СОФТ И НЕГОВИТЕ ПОДРУЖНИЦИ, ФИЛИЈАЛИ, СОРАБОТНИЦИ, СЛУЖБЕНИЦИ, ДИРЕКТОРИ, УПРАВНИЦИ, ПОДРУЖНИЦИ, ПОДИЗВЕДУВАЧИ, АГЕНТИ И ВРАБОТЕНИ, ОД СЕКАКОВ ВИД ЖАЛБИ, БАРАЊА И ШТЕТИ ОД РАЗЛИЧНА ПРИРОДА (ВКЛУЧУВАЈЌИ БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА, АКТУЕЛНИ, ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ И ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ), ПОЗНАТИ И НЕПОЗНАТИ, ОСОМНИЧЕНИ И НЕОСОМНИЧЕНИ, ОТКРИЕНИ И НЕОТКРИЕНИ, КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИЛИ СЕ НА КОЈ БИЛО НАЧИН ПОВРЗАНИ СО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ, СОДРЖИНИТЕ, ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦАТА, ВАШИТЕ СОДРЖИНИ, КОМЕРЦИЈАЛНИ ПРОИЗВОДИ ИЛИ БИЛО КОЈА СОДРЖИНА ГЕНЕРИРАНА ОДТРЕТИ ЛИЦА, ДОСТАПНИ НА ИЛИ ПРЕКУ СТРАНИЦАТА.

12. ОБЕСШТЕТУВАЊЕ

Вие сте согласни да ги браните и обесштетите вработените во Икс Софт, службениците, директорите, потписниците, добавувачите, филијалите, подружниците и агентите од и против сите побарувања, штети, обврски, загуби, одговорности, трошоци, долгови (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на давачките за адвокати) кои произлегуваат од или во врска со: Вашата  употреба на и пристап до услугата (или на некој друг кој го корител Вашиот профил), интернет-страницата, содржините; вашите кориснички содржини или други комерцијални производи кои ги нудите на или преку интернет-страниците со користење на нашите услуги; Вашето прекршување на некој услов од овие услови; прекршувањето на правата на трети лица, вклучувајќи ги, без ограничувања сите авторски права, право на имот или право на приватност, или тврдење дека вашите кориснички содржини предизвикале штета на трети лица или страни.

13. ОТКАЖУВАЊЕ И ПРЕСТАНОК

Услугата може да биде прекината од нас, без причина, во секое време. Услугата може да биде прекината од Вас, без причина, следејќи ги процедурите за откажување. Можете да ја откажете услугата во секое време, но претплатата ќе биде активна до крајот на периодот за којшто сте платиле.

Webstrian може да ја прекине услугата во секое време, без казна и без претходна најава, доколку не исполните некој од условите во Договорот или ја прекршите заштитата на интелектуалната сопственост која се применува на оваа услуга.

По прекинот може да добиете известување за прекин на услугите пратено на е-адресата од Вашата корисничка сметка. По раскинувањето, ние имаме право да ги избришеме сите податоци, датотеки, кориснички содржини или други податоци кои се чуваат во/за вашата корисничка сметка.

Може да ја измениме, замениме, да одбиеме пристап до, суспендираме или прекинеме услугата, делумно или целосно, или да додадеме и промениме цени за сите или дел од услугите наменети за Вас или за сите наши корисници во секое време и по наше сопствено убедување. Промените ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување на интернет-страницата или преку директна комуникација со Вас, освен ако тоа јасно не е наведено поинаку.

Понатаму, ние го задржуваме правото да задржиме, отстраниме или отфрлиме корисничка содржина достапнa како дел од Вашата корисничка сметка, со или без известување доколку сметаме дека е спротивно на овој Договор. За избегнување на недоразбирање, немаме обврска за чување, одржување или обезбедување на копии од содржина поставена од вас или останатите корисници при користење на услугата.

14. ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦИ И УСЛУГИ НА ТРЕТИ ЛИЦА

Интернет-страницата може да содржи содржини или линкови до други интернет-страници кои се во сопственост на трети лица. Ние немаме контрола на тоа и не преземаме одговорност за содржината, политиките за приватност, или практиките за содржините на третите лица или интернет-страниците и нивните содржини. Ве молиме, имајте предвид дека кога ќе кликнете на некој од овие линкови, пристапувате на друга интернет-страница за која ние не сносиме одговорност или немаме контрола. Исто така, во рамките на интернет-страницата може да се најавите на Вашите кориснички сметки од трети лица со цел за користење на нивните услуги или пак да ја поврзтете вашата корисничка сметка на Webstrian со кориснички сметки од трети лица. Икс Софт не е одговорен за активности кои се случуваат во рамките на трета страна, дури и во случаи кога сте најавени преку Webstrian сметката или поврзани со Webstrian сметката.

Вие се согласувате дека ние нема да бидеме одговорни за загуба или оштетување од кој  било вид, настанати како резултат на користењето на содржина од трето лице, интернет-страници или услуги, без разлика, дали сте се поврзале или упатиле кон нив преку интернет-страницата. Со ова Вие сте известени, знаете и потврдувате дека интернет-страниците и услугите на третите лица може да бидат предмет на нивните сопствени услови за користење и политики, и Вие сте единствено одговорни за прегледувањето и почитувањето на нивните условите за користење.

15. ДОПОЛНИТЕЛЕН СОФТВЕР

Во однос на дополнителен софтвер кој може да се биде достапен преку Webstrian, при користењето на услугата, доколку изберете да го симнете или пристапите до него или до содржините на трети лица, имајте предвид дека можеби ќе треба да се согласите на дополнителни услови пред да го користите тој софтвер или содржини.

Исто така, се согласувате дека со употребата на софтвер или содржини од трети лица добиени преку услугата, Вам нема да ви бидат префрлени права од таквиот софтвер или содржини, и дека нема да ги користите содржините ставени на располагање преку софтверот или услугата на друг начин освен како што е дозволено со условите за користење на  трети лица.

16. ПРИВАТНОСТ

Ви препорачуваме да ја прочитате нашата политика за приватност и да ги искористите информациите со цел да донесете одлуки кои се темелат на информираност. Ве молиме имајте предвид дека одредени информации, изјави, податоци и содржини (како што се фотографии) кои ќе ги објавите на интернет-страницата, најверојатно може да го откријат Вашиот пол, етничка припадност, националност, возраст, и/или други лични информации за Вас. Вие прифаќате и сте согласни дека објавувањето на таквите информации е доброволно и со ваша согласност. Вие сте согласни и прифаќате дека ние може да пристапиме, зачуваме и ја откриеме вашите регистрација и други информации кои ги приложувате доколку е потребно тоа да се направи со закон или во добра волја и верување дека таквиот пристап, зачувување или откривање, според нас е неопходен. Откривањето на информациите кон трети лица, понатаму е наведено во политиката за приватност.

17. ПОДДОМЕН НА ВАШИОТ САЈТ

Кога ќе креирате интернет-страница преку нашата услуга, во моментов ви нудиме можност за избирање на под-домен за Вашата интернет-страница и корисничка сметка. Webstrian ја задржува сопственоста на овој под домен и ви дава ограничена, не-ексклузивна, нелиценцирана, непренослива, слободно отповиклива лиценца, единствено да го користите под-доменот за сметка на интернет-страницата и корисничката сметка. Поддоменот за Вашата интернет-страница не е пренослив. Вие сте единствено одговорни за било која активност која се случува под Вашиот поддомен, интернет-страница и корисничка сметка воопшто. Ние во никој случај нема да бидеме одговорни за Вашата употреба на трговски марки или други права на интелектуална сопственост во врска со името, доменот или поддоменот на Вашата корисничка сметка, Вашата интернет-страница и сите останати места.

Во секое време можете купите (од трети компании) свој сопствен домен, кој може да се поврзе и да се користи со Вашата интернет-страница, наместо Webstrian поддоменот.

18. УСЛОВИ КОИ МОРА ДА ГИ ОБЈАВИТЕ НА ВАШАТА ИНТЕРНЕТ-СТРАНИЦА

Вие сте одговорни за изготвување на условите за користење и политиката на приватност за секоја Ваша интернет-страница хостирана од нас како дел од услугата.

Сепак, условите за користење на Вашата интернет-страница мора да нѐ назначат нас како трета страна и мора да содржат интелектуална сопственост, ограничување на одговорност, ограничувања на право, услови на гаранцијата и одредби за обесштетување, секое во интерес на Икс Софт кои се барем толку поволни за Икс Софт како и во овој Договор.

Вие исто така сте одговорни за изготвување на политика на приватност за Вашата интернет-страницата. Вашата политика за приватност мора да содржи услови кои се исто толку заштитнички за приватноста на корисникот, како и овие кои се содржани во Договорот.

19. ОСТАНАТО

  • Овој Договор може да се менува само преку писмена измена потпишана од овластен извршен директор на Икс Софт или со објава од Икс Софт на ревидирана верзија.

  • Преовладувачката страна во постапка со цел да се спроведе овој договор има право на трошоци и адвокатски хонорари. Доколку некој дел на овој Договор се смета за неважечки или неприменлив, само тој дел ќе се толкува со цел да ја одрази оригиналната намера на страните, а преостанатите делови остануваат во полна сила и ефект.
  • Икс Софт може да ги пренесе своите права според овој Договор без услови. Договорот ќе биде обврзувачки и потоа, и ќе биде во сила во корист на потписниците, нивните наследници и назначени лица.
  • Се согласувате дека: а) Webstrian интернет-страницата ќе се смета исклучиво со седиште во Република Македонија; и б) Webstrian интернет-страницата ќе се смета за пасивна интернет-страницата која не подлежи на други надлежности, ниту специфични, ниту општи, освен надлежностите во Р. Македонија. Овие услови се регулирани со интерни закони на Република Македонија, без оглед на нивниот судир со законските принципи.
  • За било какво тврдење или спор меѓу вас и Икс Софт, кое целосно или делумно произлегува од Webstrian интернет-страницата, одлучува исклучиво надлежниот суд со седиште во Скопје, Р. Македонија. Примената на Конвенцијата на Обединетите Нации за договорите за меѓународна продажба на стоки е изрично исклучена. Условите за користење, заедно со политиката за приватност и секоја друга правна норма објавена од нас на интернет-страницата, ќе го сочинуваат целосниот договор меѓу вас и Икс Софт во врска со Webstrian интернет-страницата. Ако некоја одредба од условите за користење се смета за неважечка од страна на надлежниот суд, невалидноста на таквата одредба не влијае врз валидноста на останатите одредби од условите на користиње, кои ќе останат во полна сила и ефект. Откажувањето од некој од условите нема да се смета за постојано откажување од таквиот услов или од некој друг услов. Неможноста Икс Софт да потврди право или одредба од овие услови нема да претставува откажување од тоа право или одредба. Вие и Икс Софт се согласувате дека даден спор кој би произлегол од или е поврзан со Webstrian интернет-страницата мора да започне во рок од една (1) година по појавување на причината за спорот. Во спротивно, таквиот спор ќе биде трајно забранет.
  • Вие не можете да ги пренесете вашите права или обврски кои произлегуваат од овој договор на некој друг без наша претходна писмена согласност.
  • Доколку за некој дел на овој договор се утврди дека е неспроведлив, остатокот ќе биде во полна сила и ефект.
  • Доколку не успееме да спроведеме некој дел од овој договор, тоа нема да се смета за откажување од тие услови.
  • Ние го задржуваме правото, во било кое време и од време на време да ја менуваме или прекинеме, привремено или постојано, услугата (или некој нејзин дел) со или без претходна најава. Вие се согласувате дека Webstrian нема да бидат одговорен кон вас или кон трета страна за некоја промена или прекин на услугата.
  • Ние не сме одговорни ако некое електронско известување биде фатено од страна на вашиот спам филтер и Вие не сте го виделе; ако сте ни дале погрешна е-адреса (или не сте ја ажурирале вашата е-адреса) или ако постојат други проблеми при комуникацијата кои би го спречиле стигнувањето на е-пораката до Вас. Поради тоа, Ве охрабруваме често и периодично да ја посетуваате оваа страница и да ги следите сите промени. Употребата на, или пристапот до услугата, откако ќе бидат објавени промени кон овој Договор, во исто време претставува и прифаќање на тие промени.
  • Прашања, коментари, предлози, идеи, одговори или други информации дадени од Ваша страна („коментари") не се доверливи и со тоа ни давате глобална, потојана, неотповиклива, бесплатна лиценца за репродукција, прикажување, извршување, дистрибуирање, објавување, модифицирање, уредување или користење друг начин, според нас соодветен, за комерцијални и/или некомерцијални цели, според нашето сопствено убедување.
  • Може да воспоставиме општи практики и ограничувања во врска со просторот и користењето на услугата и да ги менуваме од време на време со или без известување.
  • Условите се исто така важечки и за време на употребата на услугата во пробниот период.
  • Вие потврдувате дека Вашата земја на престој е иста со адресата на вашата платежна адреса.
  • Без противречност на било што друго содржано во овие Услови, доколку ја користите интернет-страницата и/или услугите во име на друг субјект, Вие потврдувате дека сте целосно овластени да ги прифатите овие услови во име на субјектот, и дека тој субјект се согласува да Ве обесштети Вас и Webstrian доколку има прекршување на условите.
  • Ние и нашите соработници не гарантираме дека услугата, како и содржините или интернет-страницата се соодветни или достапни за употреба во сите географски локации. Доколку ја користите интернет-страницата, услугата или содржините надвор од Македонија, самите сте одговорни за почитувањето на сите важечки закони, вклучувајќи ги, без ограничување и прописите за извоз и увоз на други земји.
  • Во иднина, преку интернет-страницата може да понудиме нови услуги и/или можности (вклучувајќи и нови алатки и ресурси). За избегнување на недоразбирања, сите нови функции и/или услуги се исто така предмет на условите на овој Договор.

20. ФУНКЦИИ ВО БЕТА ВЕРЗИЈА

Webstrian е софтвер кој постојано се надоградува со нови можности, модули и компоненти. Ве молиме, имајте во предвид дека некои од новите можности може да бидат во БЕТА-верзија и дека може да се во период на тестирање. 

Во согласност со ова, ве информираме дека може да дојде до можни софтверски грешки во услугата или до можни нарушувања во начинот на работа на услугата. Доколку наидете на технички проблем, ве молиме да го пријавите веднаш и ние во најбрз можен рок ќе направиме корекција.

Со прифаќањето на условите за користењето на услугата вие се согласувате и со користењето на новите функции кои би биле во бета верзија.

21. КОНТАКТ СО КОРИСНИЧКАТА ПОДДРШКА

Со цел да дојдете во контакт со нашата корисничка поддршка, ве молиме посетете ја на нашата страница за контакт и искористете ги контакт информациите, со цел да не контактирате.